Фудбалерите на Македонија ЃП не беа пријатно пречекани на стадионот „Бугарска Армија“ во Софија. Навивачите на ЦСКА Софија скандираа „Бугари, Бугари“, што е очигледен говор на омраза и националистичко скандирање, па ќе има работа за Дисциплинската комисија на УЕФА.
Сето ова беше забележано и од делегатот на натпреварот. Поради ова сигурно ќе има казни за бугарскиот клуб, поради несоодветна организација на натпреварот.
Минатата недела, првиот меч во Скопје меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија мина во максимално коректна атмосфера.
Извор: Топспорт