Иљасова трејдуван во Детроит

Од:

Турскиот кошаркарски репрезентативец Ерсан Иљасова од наредната сезона ќе го носи дресот на Детроит Пистонс.

Иљасова изминатгите седум години го носеше дресот на Милвоки, но клубот реши да го трејдува во Детроит во замена за Керон Батлер и Шон Вилијамс.

Иљасова (28), минатата сезона просечно по натпревар имал учинок од 11,5 поени и 4,8 скока. Двапати во кариерата бил меѓу пет шутери за три поена во една сезона, според процентот на реализација, во 2011/2012 бил втор (45,5 отсто), а наредната сезона четврти (44,4 проценти).

„Иљасова е играч кој го сакавме во нашиот тим. Не само што е ефикасен во шутот за три и што може добро да ја развлече противничката одбрана, туку поседува и огромна енергија и негува стил на игра кој во целост му одговара на тимот“, рекол тренерот на Детроит, Стен ван Ганди.

Тимот на Милвоки со трејдот на Иљасова ослободи многу простор во ’селери капот’, бидејќи турскиот репрезентативец наредната сезона треба да заработи 7,9 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on