Илиевски се договори со Цедевита

Од:

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Владо Илиевски се договори со хрватскиот клуб Цедевита.

Тој ги договорил условите со клубот, во кој ќе соработува со тренерот Божидар Маљковиќ, а потпис ќе стави откако ќе ги мине деталните лекарски прегледи.

Илиевски беше огромна желба и на раководството и стручниот штаб на МЗТ Скопје, но беше нереално да се очекува да пристигне оваа сезона во тимот од „Јане Сандански“.

Цедевита сепак има многу поголеми амбиции и поголем буџет, а 32-годишниот Илиевски доаѓа на местото на Американецот Куртис Стинсон, како засилување за плејмејкерската позиција.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он