Илиевски претставен како Словенец во АБА лигата

Од:

Јадранската АБА лига направи груба грешка кон поранешниот македонски репрезентативец Владо Илиевски, претставувајќи го на својот официјален сајт како Словенец. Два дена по официјализирањето на договорт со загребска Цедевита, македонскиот плејмејкер е посочен како играч на земјата која подолго време живее со своето семејство.

„Доскорешниот репрезентативец на Македонија, Владо Илиевски не е непознат играч на европската сцена, а уште помалку на балканските простори“, стои во еден цитат при претставувањето на Илиевски на официјалниот сајт на АБА.

Поради тоа е уште почудно што во составот на Цедевита во графата за националност зад името на Илиевски е впишано Словенец. Ваквата грешка се повторува и во самиот профил на Илиевски, каде се неговите лични и кошаркарски податоци.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос