Илиевски: Ќе се обидеме повторно да ја израдуваме Македонија

Од:

Останаа уште три недели до почетокот на Европското кошаркарско првенство, поминавме половина од подготовките и конечно се комплетиравме. Ова денеска на прес-конференција го истакна селекторот на Македонската кошаркарска репрезентација, Алеш Пипан.

– Се подготвуваме за пријателската со Литванија на која ќе пробаме некоја од варијантите, а можност за игра ќе добијат сите играчи. Иако не ни е во прв план резултатот сепак ни е желба пред домашната публика да се претставиме во добро светло бидејќи ова е единствен пријателски натпревар што се игра дома пред заминувањето на ЕП. Задоволен сум од текот на подготвоките до сега, репрезентативците се залагаат, даваат се од себе. Засега поголеми проблеми со повреди нема и сите играчи се здрави, рече Пипан.

Репрезентативецот Влатко Илиевски го искажа своето задоволство за приклучувањето на Тодор Гечевски за кој, како што рече, го добивме последниот дел од мозаикот што го сочинува нашата репрезентација.

– Среќен сум и задоволен што сум дел од оваа репрезентација и се надевам дека ќе останеме здрави до почетокот на ЕП и ќе се обидеме да ја израдуваме Македонија уште еднаш, истакна Илиевски.

На контролниот пријателскиот натпревар со Литванија што ќе се одигра на 17-ти овој месец во 20:00 часот во салата „Борис Трајковски“, ќе се одбележи 20 години од првиот настап на Македонската кошаркарска репрезентација. На полувремето на натпреварот ќе им се оддадат признанија на 12. играчи од првата репрезентација и на дел од репрезентативците кои дале придонес, а не се веќе активни, како и дел од селекторите кои ја предводеле репрезентацијата, а се во пензија.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ