Ракометната репрезентација на Полска заработи драконска казна од страна на IHF поради навредите и клеветите кои поразените полјаци ги кажаа по полуфиналниот натпревар со Катар на мундијалот во Доха.
Изречена е парична казна, а најлошо мина докторот на репрезентацијата Рафал Марковски, кој заработи суспензија од шест месеци заради „долгиот јазик„ по завршувањето на мечот.
Тој прекршок влезе во записникот и неминовна беше казна за Марковски. Полска утре ќе се бори за бронзата против Шпанија во меч кој почнува во 15:30 часот.