Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе победи на втората трка возена денеска во Белгија во шампионатот ЕТЦЦ. Со овој триумф тој се искачи на второто место во генералниот пласман. Стефановски имаше и најбрз круг во втората трка.
Македонскиот автомобилист првата позиција ја освои пред конкурентот Петер Рикли од Чешка, а ја искористи предноста и стартот од првата позиција. Третото место го освои Петр Фулин, кој е лидер во генералниот пласман.
Нашиот автомобилст во првата трка денеска остана без пласман.
Последната трка од ЕТЦЦ шампионатот ќе се вози на 8.октомври во Мост, Чешка.