Игокеа не го дава врвот

Од:

Во регионалната кошаркарска АБА лига на програмата се натпреварите од 17.коло, а лидерот во ова натпреварување, тимот на Игокеа продолжува со победите. Синоќа на гостувањето во Сплит против истоимената домашна екипа, Игокеа победи со 68:60 за потврда на водечката позиција на табелата.

На другите три дуели: Цибона – Крка 78:86, Широки – Партизан 87:80 и Будуќност – Шолнок 88:63.

Денеска играат, Црвена Звезда – Цедевита и Унион Олимпија – Задар.

Македонскиот шампион и претставник во ова натпреварување, екипата на МЗТ Скопје Аеродром својот натпревар од ова коло против Раднички во Крагуевац ќе го одигра утре.

Табела: Игокеа 14-3 (победи-порази), Црвена Звезда 11-5, Партизан 11-6, Будуќност 10-7, Цедевита 9-7, МЗТ Скопје Аеродром 9-7, Раднички 8-8, Унион Олимпија 8-8, Крка 7-10, Сплит 7-10, Задар 6-10, Цибона 6-11, Широки 6-11 и  Шолнок 4-13.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он