Игокеа ја осигура првата позиција во АБА лигата

Од:

Кошаркарите на Игокеа вечерва ја победија Крка и го обезбедија првото место на табелата во регионалната АБА лига. На натпреварот со кој заврши 25.коло Игокеа на свој терен славеше со резултат 84:75.

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром во овој круг го совлада Партизан со 66:64 на натпреварот одигран вчеравечер во Скопје и со овој триумф си ги задржа шансите за обезбедување на место кое носи учествува во евро-куповите.

Постигнати резултати на другите пет средби: Олимпија – Широки 63:81, Црвена Звезда – Будуќност 79:63, Шолнок – Задар 90:79, Цедевита – Цибона 92:78 и Сплит – Раднички 63:81.

Табела пред одигрување на последното 26.коло: Игокеа 19-6 (победи-порази), Црвена Звезда 18-7, Раднички 16-9, Будуќност 15-10, Партизан 15-10, Цедевита 14-11, Олимпија 13-12, МЗТ Скопје Аеродром 13-12, Цибона 9-16, Широки 9-16, Крка 9-16, Шолнок 9-16, Задар 8-17 и Сплит 8-17.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он