Новиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Одион Игало, се согласил да ја намали платата од 300.000 фунти неделно, еквивалент што го добива во Кина, за да го оствари својот сон и да потпише со „црвените ѓаволи“.
Сепак, договорот на 30-годишниот Нигериец има импресивни бонуси веќе овјавени во медиумите на Островот.
Тие тврдат дека Игало собира 8.000 фунти за секој гол со Јунајтед, што значи дека тој добил 32.000 за неговите четири погодоци досега.
Поранешниот напаѓач на Ватфорд добива уште 9.000 за секоја победа во Премиер лигата во дресот на „црвените ѓаволи“ кога Игало се нашол во составот. 3.000 е премија за реми.
Постојат и бонуси за трофеи, кои не се разликуваат од оние за другите играчи во првиот тим.