Иџе: Во Чешка одам на победа

Од:

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, викендов во Чешка, на патеката Мост, ќе ја вози последната трка од ФИА ЕТЦЦ шампионатот за оваа година. Иџе има големи шанси за победа и освојување на шампионатот.

– Убеден сум во освојувањето на титулата. Ветувам дека заедно со мојот тим уште еднаш ќе дадеме се од себе. Патеката „Мост“ е непозната за мене, но, досега веќе докажав дека можам да ги совладам и непознатите патеки. Сите мисли ми се фокусирани на мојот последен настап. Во Чешка одам на победа, истакна „Летечкиот Македонец“.

Во Генералниот пласман моментно се наоѓа на четвртата позиција со 55 бода, зад Петр Фулин со 63, Шрајбер со 57 и Наѓ со 56 бода.

Трките во Чешка се закажани за 8 октомври, првата ќе се вози во 10:50, а втората во 12:30 часот.

Би можело да ве интересира

Игор Стефановски-Иџе во партнерство со „Макпетрол“ до врвни резултати на европските авто-трки

Стефановски остана без пласман на денешната трка во Имола

Ана Ололовска

ВИДЕО: Стефановски со своето „Хјундаи“ удри во заштитната ограда и остана без пласман

Ана Ололовска

Стефановски четвртопласиран во Монца

Ана Ололовска

Стефановски победи на „Валелунга“ во трка од ТЦР шампионатот

Ана Ололовска

Иџе викендов ќе вози во Имола како единствен странец во ТЦР Италија

Ана Ололовска