Иџе со победа ја почна одбраната на титулата во Европскиот шампионат на ридски патеки

Од:

Најдобриот македонски автомобилист и европски шампион на ридски патеки Игор Стефановски – Иџе со победа ја почна одбраната на титулата во Европскиот шампионат на ридски патеки. Триумфира во групата Н на првата трка од новата сезона, а на асфалтот на Кол Сент Пјер кај француското градче Сен Жан Ду Гард постави нов рекорд на патеката за возила од неговата група.

Сметајќи ги најдобрите две времиња од извозените три трки, Стефановски, со своето Mitsubishi Lancer Evo IX постигна вкупно време од 6:01.527 минути и се искачи на највисокото скалило на победничкиот подиум пред Хрватот Томислав Мухвиќ со 6:02.603 и Чехот Јири Лос со 6:03.606 минути.

Хрватот Томислав Мухвиќ беше речиси изедначен со нашиот натпреварувач, а и Чехот Јири Лос беше резултатски доволно блиску за да може да искористи и најмал кикс на водечкиот тандем.
– Имавме перфектен викенд, се ни одеше како што треба. Знаев дека ќе решаваат нијанси, па решив да бидам агресивен од старт за да обезбедам предност пред конкурентите. По рекордот на патеката во првото возење, во второто и третото решив да возам без преголем ризик контролирајќи ги резултатите на конкурентите бидејќи знаев дека не можат да го спуштат своето време под три минути, изјави Стефановски.

Првата трка сезонава покажа дека разликите во времињата ќе бидат далеку помали од лани и дека нашиот ас го очекува напорна сезона.

– Фактот што немаме услови да тренираме во меѓусезоната си го прави своето, па така ова ни беше воедно и прв сериозен тест за мене и возилото оваа година. Видливо е дека конкуренцијата е поподготвена од лани. Мухвиќ е многу брз и искусен возач, а Чесите за оваа сезона имаат некоја нова компонента гуми од Пирели кои ќе им бидат значителна предност. Сепак, нашиот план останува ист и ќе атакуваме на победа на секоја трка, но свесни сме дека ќе немаме можност ни за најмал кикс или опуштање, додаде Иџе.

Во Франција настапија 130 возила, од кои 25 се бодуваа за Европскиот шампионат. Апсолутен победник беше ненадминливиот Италијанец Симоне Фаџиоли со болид Норма Н20 со нов апсолутен рекорд на патеката.

Следната трка се вози за две недели во Рехберг, Австрија, а и таму Иџе ќе ја брани победата остварена минатата година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пандев, Лазаров и Стефановски веќе нема да рекламираат игри на среќа

Катерина Ѓуровски

Игор Стефановски-Иџе во партнерство со „Макпетрол“ до врвни резултати на европските авто-трки

Стефановски остана без пласман на денешната трка во Имола

Ана Ололовска

ВИДЕО: Стефановски со своето „Хјундаи“ удри во заштитната ограда и остана без пласман

Ана Ололовска

Стефановски четвртопласиран во Монца

Ана Ололовска

Стефановски победи на „Валелунга“ во трка од ТЦР шампионатот

Ана Ололовска