Македонскиот автомобилст Игор Стефановски – Иџе постигна најдобро време на последниот тренинг пред денешните квалификации на трката за ЕТЦЦ што се вози во Белгија. Тој патеката ја мина за 1:39.949 минута и за една десетинка беше побрз од Петр Фулин од Чешка.
Квалификациите за утрешната трка се закажани за попладнево во 14:45 часот.
Стефановски од сите возачи е единствениот дебитант на оваа патека бидејќи останите веќе се имаат натпреварувано.