Иџе го напаѓа подиумот на патеката „Золдер“ во Белгија

Од:

Со шампионски амбиции и добро расположение, најдобриот македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе ја очекува претпоследната трка во ФИА ЕТЦЦ шампионатот предвидена за викендов на патеката Золдер во Белгија.

Иџе со неговиот „Сеат“ се во топ четворката од девет возачи. Тој е во игра за шампионската титула. Од лидерот Петр Фулин го делат 15 поени, а само два од второпласираниот Шрајбер.

Патеката „Золдер“ на која Стефановски ќе ја вози петтата трка оваа година, има четири километри сив асфалт, 10 кривини и 50 годишна традиција. Золдер е непозната патека за нашиот автомобили ас, но тој истакнува дека целиот тим е комплетно фокусиран кон победа во Белгија.

– АКК Стефановски е подготвена и за овој предизвик. И покрај тоа што ова е патека која не сум ја возел досега, очекувањата се големи. Во екипата владее прекрасна атмосфера, а ние целиме кон победа, истакнува Стефановски.

Добар настан во Белгија може да ни обезбеди прво место, па затоа сите сме оптимисти, додава тој.

Утре ќе има тренинг возење, в сабота квалификации, а трките во недела ќе се возат во 13:05 и 14:10.

До крајот на шампионатот, покрај претстојната трка во Белгија, останува само последната трка во Мост во Чешка, која ќе се вози од 6 до 8 октомври.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пандев, Лазаров и Стефановски веќе нема да рекламираат игри на среќа

Катерина Ѓуровски

Игор Стефановски-Иџе во партнерство со „Макпетрол“ до врвни резултати на европските авто-трки

Давидовски ќе стартува од прв ред на последната трка од светско

Ана Ололовска

Вуков го скрши малерот во квалификациите, оптимистички ја најави трката во Мизано!

Ана Ололовска

Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!

Ана Ололовска

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска