Тренерот на Милан, Стефано Пиоли изјави дека напаѓачот на тимот Златан Ибрахимовиќ ќе го пропушти натпреварот од 19. коло на италијанскиот шампионат со Емполи.
– Ибрахимовиќ нема да игра со Емполи поради повреда на коленото, соопшти тренерот преку официјалната веб-страница на клубот од Милано.
Средбата меѓу Емполи и Милан ќе се одржи утре 22 декември. Мечот ќе започне во 20:45 часот на „Карло Кастелани“ во Емполи.