Шкотланѓанецот со победата од 2:0 во сетови над Жо Вилфред Цонга успеа како второпласиран од групата А да обезбеди место меѓу најдобрите четворица на завршниот Мастерс турнир.
Мареј како второпласиран од групата А се пласираше во полуфиналето, во кое тој ќе се сретне со првиот од групата Б, која својата разврска ќе ја има утре по дуелите на Федерер и Дел Потро, односно Ферер и Типсаревиќ.
Сигурен учесник на полуфиналето е Швајцарецот, а за место меѓу најдобрите четири утре ќе се одлучува помеѓу Дел Потро и Ферер.