Ако воопшто може да се поправи впечатокот по поразот од Полска, момците на Голужа тоа го направија со денешната победа притив Германија.
Германците подобро го почнаа мечот и преку Винцек и Генсхајмер поведоа со 2:5 во 8 минута. Но по тајм-аутот на Голужа, хрватите се вратија во мечот и Степанчиќ израмни на 6:6 во 14 минута. Сега ред беше на Дагур Сигурдсон да побара минута одмор, откако Вори и Дувњак и пред се Мирко Алиловиќ, ја оддалечија Хрватска до 10:7 во 21 минута.
Со 13:11 и хрватскиот голман како главна фигура заврши првиот дел. Минаа првите 10 минути од вториот дел и Хрватска со одлична одбрана ги задржа своите највисоки 3-4 гола предност. Штрлек и Дувњак ја превзедоа одговорноста и прелесно ја доведоа Хрватска до 25:20 на 5 минути до крајот.
Лесни 28:23 за коцкестите кои до некаде го поправија впечатокот и се изборија за меч за 5 место утре со поуспешниот од мечот Словенија – Данска. Кај хрватите блескаше Алиловиќ со 12 одбрани, Штрлек со 8 и Чупиќ со 5 гола беа најефикасните, а добар меч одиграа и Слишковиќ со 4 и Дувњак со 3 гола. Кај германскиот тим по 6 гола дадоа Шонгарт и Генсхајмер, а Хајнветер со 15 одбрани го имаше својот најдобар натпревар на турнирот.