Репрезентацијата на Хрватска ја совлада Италија и се пласира во четвртфиналето на Европското првенство во кошарка кое се одржува во Словенија.
Хрватите попладнево во Љубљана во натпревар од 2. коло во втората групна фаза постигнаа 76, а примија 68 поени во дуелот со „Азурите“, иако по првата четвртина губеа со 17:8. Во вториот и третиот период „Коцкастите“ беа подобри со 23:19 и 26:9, а Италија ја доби последната четвртина со 23:19.
Вечерва се играат уште две средби од 2. коло во групата Ф. Двојките се: Шпанија – Финска и Грција – Словенија.
Табел Ф група: Хрватска 7 бодови, Италија 6, Словенија 5, Шпанија 4, Грција 4 и Финска 4.