Репрезентацијата на Хрватска денеска убедливо со 88:63 ја совлада селекцијата на ФИнска во рамките на новоформираната група Ф од втората рунда на Европското првенство во Словенија.
Дамјан Рудеж со 17 поени беше најзаслужен за победата, потпомогнат од Бојан Богдановиќ со 15 поени, Роко Укиќ и Анте Томиќ постигнаа по 11.
Во тимот на Финска, која изненадувачки ја мина првата фаза само шон Хаф беше двоцифрен со 10 поени.
Денеска се играат уште натпреварите: Шпанија – Грција и Италија против домаќинот Словенија.