Хрватска го комплетираше списокот со полуфиналисти на ракометниот Мундијал

Од:

Во последниот четвртфинален натпревар од Светското првенство во ракомет одигран во Монпеље, репрезентацијата на Хрватска ја совлада Шпанија со 30:29. Натпреварот беше решен по драматичен финиш, иако Хрватите во два наврата имаа и пет голови предност.

Нешто порано заврши средбата меѓу Катар и Словенија на која триумфираа Словенците со 32:30. Селекцијата предводена од поранешниот македонски селектор Веселин Вујовиќ, ја имаше контролата на резултатот во текот на сите 60 минути, на средината на второто полувреме стигна и до највисоки девет голови предност и на крајот заслужено е во полуфиналето.

Претходно во текот на денот за полуфинале се изборија Норвешка по триумфот над Унгарија со 31:28 и домаќинот на Мундијалот Франција по победата над Шведска со 33:30.

Првото полуфинале ќе се одигра утревечер меѓу Франција и – Словенија, а во петок ќе играат Хрватска – Норвешка. Почетокот на двете средби е во 20:45 часот.

Би можело да ве интересира

Франција се закити со бронза на ракометното СП

А1он

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство

Жарко Настоски