Шпанецот Хорхе Лоренцо на Јамаха е победник на трката за Големата Награда на Италија во Мото ГП класата на патеката Муџело.
Лоренцо до петтата победата сезонава дојде со време 41 минута и 37 секунди, пет секунди зад него стигна Дани Педроса на Хонда додека третото место му припадна на Андреа Довициозо на Јамаха.
По девет трки во генерланиот пласман води Лоренцо со 185 бода, втор е Педроса со 166. Следната трка е на 29 јули за ГН на САД.