Англија е вториот финалист на ЕП. Избраниците на Герет Саутгејт во полуфиналето ја совладаа Холандија со 2:1 и изборија проба со Шпанија за трофејот на европскиот шампион.
Холанѓаните рано поведоа со прекрасниот гол на Чави Симонс, но Хари Кејн брзо одговори од белата точка.
Кога се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолженија, се појави Оли Воткинс кој во 90. минута погоди за второ последователно евро-финале за Англија.
Во последното, да потсетиме, Италија ја победи.