Кошаркарите на Хјустон ноќеска остварија победа над првакот Кливленд во натпревар со пресврти. Откако Хјустон ја доби првата четвртина во вторта Кливленд постигна 41 поен и го презеде водството кое го имаше до пред крајот на третиот период. Хјустон во третата четвртина одигра добра одбрана и прими само 19 поени, со што успеа да поведе и со тоа да оствари триумф.
Најдобар играч на натпреварот беше Џејмс Харден со 38 поени, 10 скокови и 11 асистенции, кај Кливленд Леброн Џејмс постигна 30 поени, а Кајри Ирвинг 28.
Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Бостон – Чикаго 100:80,
Бруклин – Њујорк 120:112,
Индијана – Мајами 102:98,
Хјустон – Кливленд 117:112,
Феникс – Портланд 101:110 и
ЛА Лејкерс 116:118.
Пласман Источна конференција: Кливленд 43-22 (победи-порази), Вашингтон 41-24, Бостон 42-25, Торонто 38-28, Атланта 37-29, Индијана 34-32, Детроит 33-33, Милвоки 32-33,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 52-14, Сан Антонио 51-14, Хјустон 46-21, Јута 41-25, ЛА Клиперс 40-26, Оклахома Сити 37-29, Мемфис 36-30, Денвер 31-35