Кошаркарите на Хјустон ја продолжија победничката низа откако ноќеска го совладаа шампинот Сан Антонио на домашен терен со 98:81.
На шест одиграни натпревари Хјустон постигна исто толку победи и на стартот од новата сезона во НБА лигата заедно со Мемфис (5 победи) и Голден Стејт (4 победи) се трите непоразени екипи.
Најдобар подинец на дуелот со првакот беше Двајт Хауард кој постигна 32 поена и имаше 16 скокови, додека Џејмс Харден „уфрли“ 20 поени. Во редовите на Сан Антонио не настапија Тим Данкан и Ману Џинобили.
На вториот натпревар одигран синоќа Портланд дома го победи Далас со 108:87.
Вечерва се играат 11 натпревари: Шарлот – Атланта, Орландо – Минесота, Филаделфија – Чикаго, Бостон – Индијана, Бруклин – Њујорк, Детроит – Милвоки, Торонто – Вашингтон, Оклахома Сити – Мемфис, Феникс – Сакраменто, Јута – Далас и Денвер – Кливленд.