Јавното обвинителство на Гренобл открило дека од компјутер на една хеликоптерска компанија од Цирих бил украден здравствениот картон на Михаел Шумахер кој потоа беше нуден на медиумите за 50 илјади евра.
Како што пренесуваат француските медиуми, циришката компанија требала да биде ангажирана за транспортот на Шумахер од болницата во Гренобл во Лозана.
45-годишниот Германец во Гренобл се лечеше шест месеци. Тој беше во вештачка кома до 16 јуни по повредата на главата по пад на скијање на француските Алпи на 29 декември минатата година.