Хејнкес одбил 24 милиони евра по сезона, решен дека му треба одмор

Од:

Германскиот стратег Јуп Хејнкес потврди дека е цврсто одлучен да одмори од работата, откако е обелоденето дека одбил неверојатна понуда од 24 милиони евра по сезона за преземање на кормилото на Пари Сен Жермен.

Доколку ја прифател понудата, Хејкес ќе станеше најплатениот фудбалски тренер на планетата.

Од ултрабогатите газди на ПСЖ тој бил посакуван наследник на Карло Анчелоти, кој летово замина на кормилото на Реал Мадрид. Анчелоти, кој минатата сезона успеа по пауза од 19 години да ги искачи „светците“ на францускиот трон, заработуваше 12 милиони евра, а Германецот добил двојно повисока понуда.

Сепак 68-годишниот Хејнкес, кој со Баерн минатата сезона ја освои тројната круна, покажал дека парите не му се најбитни во животот, потенцирајќи дека сака да одмори од работата, а се погласни се шпекулациите и за неговото целосно повлекување од фудбалот.

По неуспешниот обид за ангажман на Хејнкес, ПСЖ потпишаа договор со Лорен Блан.

Би можело да ве интересира

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Голем пресврт на аферата што го потресе европскиот фудбал: Пол Погба се враќа во март

Предраг Петровиќ

Јувентус на „пазарот на незадоволните“ – Лука Јовиќ прв на листата

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ