Поранешниот светски шампион во MotoGP, Ники Хајден го напушта Дукати на крајот на сезоната.
„Нема да се вратам во Дукати следната година. Сеуште не сум сигурен што ќе правам. Имам неколку опции кои се доста интересни”, рече Американецот на прес-конференција пред Гран При на САД.
Хајден, кој ја освои својата титула со Хонда, е деветти во пласманот кај пилотите во моментов со освоени 57 поени по 8 од вкупно 18 трки.
31-годишниот Американец премина во Дукати во 2009 година и нема освоено трка со тимот. Кал Крачлоу (Велика Британија) е најверојатен кандидат за заменик на Американецот во Дукати.