Поранешниот светски рекет број 2, Томи Хас го освои шампионскиот трофеј на турнирот во германскиот град Хале, победувајќи го Рожер Федерер со 2:0, по сетови 7-5, 6-4 во финалето.
За 34-годишниот Германец ова е 12. титула во кариерата и прва по 2009 година кога триумфираше токму на истиот турнир, тогаш победувајќи го Новак Ѓоковиќ.