Харден со нова одлична партијата, Хјустон подобар од Лејкерси по продолжение

Од:

Тимот на Хјустон Рокетс постигна успех со 138:134 по продолжение над Лос Анџелес Лејкерс во ред средба од регуларната сезона на НБА.

Гостите повторно беа без големата ѕвезда Леброн Џејмс, но го почнаа подобро дуелот од противникот, откако постигнаа 39 поени во првата четвртина и поведоа со 13+. Разликата постепено се зголемуваше и достигна 21 поен, а на полувремето „ракетите“ заостануваа со -18 (64:46).

Водени од актуелниот МВП на лигата, Џејмс Харден, домаќините одговорија на предизвикот по големата пауза и пред решавачкиот дел ја намалија негативата до четири поени. На крајот избраниците на Мајк Д’Антони го одведоа натпреварот во продолженија, каде по цврста битка успеаја да направат пресврт против калифорнискиот противник, за да триумфираат со крајниот успех.

Над сите беше Харден кој постигна 48 поени, а кон нив додаде 8 скока и 6 асистенции. Ова беше 19 последователна игра за „брадата“ со најмалку 30 поени. Ерик Гордон додаде 30 за успехот на „ракетите“.

Во следните дуели Хјустон гостува на Филаделфија 76-ерс, а Лејкерс го пречекуваат дома актуелниот шампион Голден Стејт.

Еве ги другите резултати од вечерта:

Филаделфија 76-ерс – Оклахома Сити 115: 117

Шарлот Хорнетс – Феникс Санс 135: 115

Детроит Пистонс – Сакраменто Кингс 101: 103

Индијана Пејсерс – Далас Маверикс 111: 99

Орландо Меџик – Милвоки Бакс 108: 118

Атланта Хокс – Бостон Селтикс 105: 113

Торонто Репторс – Мемфис Гризлис 119: 90

Чикаго Булс – Мајами 103: 117

Денвер Нагетс – Кливленд Кавалиерс 124: 102.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on