Израелскиот Хапоел Холон објави дека го отпушти американскиот играч Глен Рајс поради физички напад врз негов соиграч.
Во клупското соопштение Хапоел Холон објави дека Рајс сериозно ги прекршил правилата на дисциплина.
Инцидентот се случил во соблекувалната по поразот на Хапоел Холон од Хапоел Гилбоа Галил. Причината за конфликтот е непозната.
Повредениот Гај Пини добил медисцински третман во локалната болница.
Рајс беше водечки стрелец на тимот и е поранешен НБА играч како дел од Вашингтон Визардс од 2013 до 2015 година. Во 2013 година како 35. пик на НБА драфтот стана член на Филаделфија.