По победата на Енди Мареј во полуфиналето на Вимбодон, голем број на неговите сограѓани, од политичари, членови на богатите фамилии, па се до обичните луѓе бараат карта плус за утрешниот негов финален натпревар против Швајцарецот Роџер Федерер.
Победата на Мареј во полуфиналето против французинот Жо-Вилфред Цонга го предизвика вниманието на јавноста и медиумите во Велика Британија, затпа што тој е првиот Британец кој успеа да се пласира во финалето на Вимболдон по 74 години пауза.
Продажба на билетите за финалето има, но тие може за две и пол илјади фунти.
„Daily Mail“ на насловната страница прашува „Дали тој би можел да заврши работата?“, а Мареј врли дека може.
„Тоа ќе биде еден од најголемите натпревари на мојот живот. Голем предизвик, многумина не очекуваат да победам, но ако играм добро ќе успеам да триумфирам“, изјави 26-годишниот тенисер.
Мареј секогаш предизвикувал мешани чувства во неговата земја. За него се вели дека кога побдува е Британец, а кога губи Шкотланѓанец.
Дури и премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон ќе присуствува на утрешното финале кое започнува во 15 часот.
Мареј нема освоено Гренд слем турнир, додека неговиот утрешен противник, Федерер, досега победувал 16 пати.