Хансен останува во ПСЖ и во следните пет години

Од:

Данскиот ракометар Микел Хансен потпиша нов договор со Пари Сен Жермен со важност до 2022 година.

Задоволство од продолжување на соработката искажа и 29-годишниот Данец.

– Го сакам клубот, соиграчите, градот Париз. Среќен сум што ќе ја продолжиме соработката и во следните години. Се надевам на добри резултати и нови успеси, изјави Хансен.

Францускиот првак имаа амбиции да ја освои Лигата на шампионите и поради тоа ги обезбеди своите најдобри играчи на подолг рок.

Пред Хансен, нов договор со ПСЖ потпишаа и браќата Никола и Лука Карабатиќ.

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир