Тренерот на Баерн, Ханс-Дитер Флик ги сподели очекувањата за мечот со Баер Леверкузен во 30. коло од Германското фудбалско првенство.
– Тимот е многу фокусиран. На денешниот последен тренинг пред мечот, сите работеа многу добро. Ние сме пред петтиот натпревар по продолжението на Бундеслигата, во кој сакаме да успееме. Не може да има изговори. Имаме доволно сили да играме три натпревари неделно, изјави Флик.
Активни сме, сакаме нашата игра да има одредена динамика – како со топката, така и без неа. Кога ќе ја добиеме топката, првата мисла е од напаѓачка природа. Ние се однесуваме како еден тим, вели Флик во изјавата за клупската веб-страница.
Натпреварот Баер – Баерн ќе се игра утре во Леверкузен со почеток во 15:30 часот.