Хакер ја пробил е-поштата на Гвардиола и се обидел да ги продаде информациите

Од:

Полицијата во Манчестер уапси хакер за пробивање на мејлот на менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, пренесува „Сан“.

Полициски извор за весникот изјави дека хакерот работел во ИТ компанија на тренинг базата на Сити од 2016 до 2017 година. Мажот за кој станува збор ја пробил поштата на Гвардиола и оттаму добивал информации за сите играчи на тимот.

Хакерот отворил и датотека, во која Гвардиола пишувал за можните трансфери – дојдовни и појдовни за тимот. Стана јасно дека поранешниот тренер на Баерн и Барселона имал интерес за Матаис де Лихт и Сократис Папастатопулос.

Хакерот се обидел да ги продаде информациите за 100.000 евра, кои ќе ги добие во биткоини, но бил фатен од полицијата. Службениците за спроведување на законот извршиле претрес во неговиот дом и проверувале и содржина во неговите компјутери, мобилни телефони и е-пошта. 30-годишниот веќе е уапсен и обвинет за кражба на доверливи податоци.

Би можело да ве интересира

Вулверхемптон на свој терен го победи Манчестер Јунајтед со 2:0

Манчестер Јунајтед го совладаа Манчестер Сити со 2:1

(ВИДЕО) Нов менаџер, стари проблеми – Јунајтед освои само бод кај Ипсвич

А1он

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед сакаат Ван Нистелрој да остане

А1он

Новиот тренер на Јунајтед: Ми рекоа или ќе дојдеш веднаш, или воопшто нема да дојдеш!

А1он

Манчестер Јунајтед купи нов тренер за 10 милиони евра

Предраг Петровиќ