Хајнветер: Не го разбравте значењето на Schweinebande

Од:

Голманот на германската ракометна репрезентација, Силвио Хајнветер демантира, дека ги нарекол македонските ракометари „банда на свињи“.

Билд, на својата интернет страница, во потрага по сензационализам, ги извлекол од контекст неговите зборови.

„Никогаш не би рекол такво нешто, ние сме професионалци и имам највисоко мислење за Македонците. Реков дека се борбени играчи, но изјавата ми е извртена, а новинарот сакал да стави сензационалистички наслов. Никогаш не би навредил друга репрезентација на таков начин“, изјави германскиот чувар на мрежата.

Силвио Хајнветер навистина го употребил изразот „Schweinebande“, што во буквален превод значи „Банда од вепари (диви свињи)“, кое всушност има метафорично значење за „борбен тим“ и се користи во говорниот германски јазик.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он