Гвардиола воведе карантин и на Божиќ

Од:

Фудбалерите на Манчестер Сити ќе го поминат Божиќ во кампусот на „Етихад“. И немаше да има ништо чудно бидејќи Сити игра натпревар во четврток (утре) во 13:30 часот.

Дуелот Манчестер Сити – Евертон е првиот од осумте што ќе се играат во Премиерлигата.

Тоа ќе биде можност за „граѓаните“ да им дадат победа на навивачите на Boxing Day и можеби да започнат уште една серија. Сега се во лоша серија – победија само еднаш во последните 12 натпревари во сите натпреварувања.

Пеп Гвардиола потврди дека играчите ќе пристигнат во кампот на Божиќ и ќе бидат пуштени наутро за да можат да поминат време со своите семејства.

– Тренираме секој ден, ќе тренираме во среда навечер, ќе преноќиме во кампот и во четврток ќе играме, ќе играме на Boxing Day – изјави Гвардиола, пренесуваат англиските медиуми.

Доколку играчите се жалат дека не можат да го поминат Бадник во своите домови, Гвардиола кратко одговори.

– Се надевам дека сакаат да бидат тука бидејќи ова е наша работа. Ова е нова ситуација за сите нас. И сите сме одговорни за тоа. Момците трчаат и се трудат посилно од било кога. Слушам како луѓето велат дека играчите не трчаат, дека за се е крив овој или оној играч или тренер – не е до тоа. Се работи за многу мали детали кои не прават да бидеме толку добри како што бевме. Но, на Boxing Day имаме нова шанса. Имаме и играчи кои се враќаат од повреди и наскоро ќе бидеме подобри – изјави Гвардиола.

Би можело да ве интересира

Гвардиола: Топката во ФА Купот е проблематична, тоа го кажувам со години

А1он

Нејмар за можниот трансфер во Баерн: Гвардиола во два часот наутро ми заѕвоне на врата

А1он

Гвардиола пред мечот со Реал: Имаме еден процент шанса да поминеме

А1он

Манчестер Сити ја доби Премиер лигата на суд: Ова ќе ги чини десетици и десетици милиони

Предраг Петровиќ

Гвардиола претпазлив пред дуелот со Реал во ЛШ: Не играме добро сезонава

А1он

Манчестер Сити може да загуби 40 бодови

А1он