Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, на денешната прес-конференција се осврна на потенцијалната казна за неговиот тим поради прекршување на правилата за финансиски фер-плеј (ФФП).
Минатата недела, Евертон беше казнет со 10 поени за финансиски фер-плеј и беше откриено дека ги прекршил правилата за профитабилност и одржливост.
Откако Премиер лигата строго го казни Евертон, целото внимание на јавноста се сврте кон Манчестер Сити бидејќи актуелниот европски шампион се соочува со повеќе од 100 обвиненија за кршење на финансискиот фер-плеј.
Сити долго време е под истрага за наводни прекршувања на ФФП во девет сезони. Секако, тоа беше неизбежното прашање за Гвардиола на денешната прес-конференција во пресрет на големото дерби против Ливерпул.
Pep Guardiola says he's committed to Manchester City… even if they were in League One 😅#BBCFootball pic.twitter.com/dZzL4Axjz4
— BBC Sport (@BBCSport) November 24, 2023
На Гвардиола не му беа пријатни таквите прашања и се бранеше дека Сити е „чист“ додека не се докаже спротивното. Исто така, новинарите се интересираа што ќе биде со него доколку Манчестер Сити биде исфрлен од лигата.
Нема да размислувам за мојата иднина дури и да бидеме во Лига 1 (трет ранг). Најверојатно ќе останам“, изјави Гвардиола и така ги „купи“ навивачите на својот клуб.
Гвардиола додаде дека клубот ќе биде казнет доколку се докаже дека се прекршени правилата.
„Врз основа на она што го читате, треба да бидеме надвор. Но, секој што ќе го каже тоа не знае што точно се случило. Ако направивме нешто погрешно, ќе бидеме казнети. Откако ќе заврши се, јас ќе бидам овде. Не знам што точно се случи со Евертон, но случајот е сосема поинаков и не можете да го споредувате“, додаде Шпанецот.