Грилиш претставен во новиот клуб, го избра бројот на легендите

Од:

Најскапиот англиски фудбалер на сите времиња, Џек Грилиш, официјално го напушти Манчестер Сити и беше претставен во Евертон, каде што ќе ја помине следната сезона на позајмица.

Иако имаше одлични настапи за Сити, особено во претпоследната сезона кога го освоија Европското првенство, на Грилиш не му се исплатеше целосно, особено поради цената што Сити ја плати за да го доведе од Астон Вила (приближно 120 милиони евра).

Сити сега го испрати на позајмица во Евертон, каде што треба да има максимална минутажа, сета слобода во играта и епитетот на лидер, а тоа може да биде добитна комбинација за сите страни.

Грилиш денес беше претставен како нов фудбалер на Евертон, а интересен е и бројот што го избра на својот дрес – тој ќе го носи бројот 18.

Станува збор за бројот што го носеле две икони на англискиот фудбал во Евертон, имено Вејн Руни и Пол Гаскоњ. Токму поради нив го избра тој посебен број.

„Постои причина. Имаше и други интересни бројки, но тоа се моите двајца омилени англиски фудбалери. Пол Гаскоњ и Вејн Руни го носеа дресот со број 18 тука“, рече Грилиш на промоцијата.

Тој вели дека имал разговор со Руни и дека му „одобрил“ да го носи бројот 18.

Евертон ја презеде исплатата на целосната плата на Грилиш од Манчестер Сити, која изнесува 18 милиони евра по сезона.

Би можело да ве интересира

Започнува егзотиката на Африканскиот куп на нации

Усман Дембеле е најдобриот фудбалер во светот за 2025 година

Извлечени сите групи за Светското првенство во фудбал

ФИФА на Трамп му ја додели наградата за мир

Предраг Петровиќ

Интер се извлече – Лаутаро човекот на одлука во Пиза

Ливерпул го „дочека“ Исак – и победа во Лондон

Предраг Петровиќ