Грилиш беше „изнесен“ од кафеана во 5 часот наутро, Де Брујне едвај седна во такси

Од:

Во последното 38. коло од англиската Премиер лига, Манчестер Сити го совлада Вест Хем со резултат 3:1 и со тоа ја освои десеттата шампионска титула на Англија. Играчите лудо ја прославија четвртата последователна титула, а Џек Грилиш повторно беше во центарот на вниманието.

Како што пренесува The Sun, одличниот фудбалер како и обично бил лидер во пиењето алкохол за време на прославата, а во 5 часот наутро му помогнале да излезе пијан од локалот.

Грилиш носел кошула и панталони од 2.500 евра, а како што може да се види на фотографиите бил целосно пијан.

Според истите тврдења, за време на прославата се „опуштал“ и Кевин де Брујне, кој вообичаено не е познат како некој склон кон забави и алкохол, но бил виден како се „сруши“ во задниот дел од таксито.

На прославата се приклучи и Пеп Гвардиола, но и поубавите половини на многу фудбалери на Сити, а забавата заврши така што многумина од нив си понесоа скапи шишиња со алкохол.

Сити со 91 бод стигна до четвртата последователна титула во најсилната лига на светот, а покрај нив во Лигата на шампионите заминаа Арсенал, Ливерпул и Астон Вила.

Би можело да ве интересира

„Уште се мачиме, но ова е олеснување“ – Гвардиола по победата на Сити над Вест Хем

А1он

Гвардиола воведе карантин и на Божиќ

А1он

(ВИДЕО) Четата на Гвардиола повторно поразена во Премиерлигата

А1он

Силва: Сето ова го заслужуваме, се однесуваме како деца!

А1он

Гвардиола: Манчестер Сити е мојот последен клуб во кариерата

А1он

(ВИДЕО) Агонијата на Гвардиола продолжува, Ливерпул го среди Сити за +11 бода на табелата во ПЛ

А1он