Грчки репрезентативец се закани дека ќе го убие Антиќ

Од:

Перо Антиќ синоќа одигра одличен натпревар во дресот на Олимпијакос, но за жал тоа не беше доволно„црвено-белите“ да дојдат до посакуваниот трофеј.

Македонскиот репрезентативец ги израдува сопствените фанови, но и ги разлути противничките навивачи, па дури и кошаркарите на Панатинаикос.

Центарот на грчката репрезентација, Софоклес Шортсанитис, преку своите колеги испратил „опасна порака“ до Антиќ.

-Кажете му на ништожникот Антиќ дека е мртов човек. Јас ќе го убијам, така да си знае -рекол играчот на Панатинаикос.

Според информацијата, грчкиот репрезентативец бил исфрустриран поради наводните навреди што Антиќ му ги упатил на неговиот соиграч Стефан Лазме.

Дали Антиќ навистина го навредил Лазме, или Шортсанитис барал начин за да изврши притисок врз нашиот ас и официјалните лица, ќе дознаеме наскоро, откако ќе бидат изречени казните за сите вмешани во инцидентите за време на финалето од Купот на Грција.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он