Градоначалникот Темелковски го означи почетокот на „Шаховски турнир – Кисела Вода 2019“

Од:

Денеска во просториите на урбаната заедница 11 Октомври – згради во Кисела Вода, градоначалникот Филип Темелковски го означи почетокот на „Шаховски турнир – Кисела Вода 2019“.

Градоначалникот Темелковски во своето обраќање пред натпреварувачите нагласи дека развојот на шахот во Кисела Вода ќе ја има неговата поддршка.

На турнирот се натпреваруваат 8 екипи со по 4 натпреварувачи од урбаните и месните заедници во општината. Екипите составени од по 4 натпреварувачи ќе играат 14 кола по двокружен Бергеров систем. Првопласираните три екипи ќе добијат награди од Општината. По завршувањето на екипниот турнир кој ќе се игра до 17 мај, во текот на истиот месец ќе започне и поединечен турнир.

Шаховскиот турнир се одржува на иницијатива на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.

Би можело да ве интересира

Eкс светскиот шампион во шах ги продаде фармерките поради кои беше казнет

А1он

Почина Борис Спаски – еден од најдобрите шахисти на сите времиња

А1он

Тинејџер од Индија е нов светски шампион во шах

А1он

Почина жена, а малолетник е во Ургентен центар по пад од зграда во Кисела Вода

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон