Градоначалникот Георгиевски доби признание за посебен придонес во развојот и популаризацијата на спортското стрелаштво во Македонија

Од:

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, денеска доби признание од Македонската спортска стрелачка федерација за посебен придонес во развојот и популаризацијата на спортското стрелаштво во Р.М.

Претседателот на Македонската спортска стрелачка федерација, Владимир Пандовски, при врачувањето на признанието изрази задоволство што Георгиевски уште од првиот ден како градоначалник, им дава безрезервна поддршка.
Георгиевски порача дека и понатаму ќе ги поддржува активностите на Федерацијата која оваа година одбележува 70 години од своето постоење, а кои ќе значат развој на стрелаштвото како во општината, така и пошироко.

Континуирано ќе го поддржува и интернационалниот турнир Гранд При Скопје, кое веќе 2 децении се одржува на спортското срелиште „Камник”, кое е лоцирано на територија на општина Гази Баба. Благодарение на стрелиштето, општината претставува историски центар на стрелаштвото, каде претходно се одржале 2 европски првенства.

Би можело да ве интересира

Во Тетово одржан Меѓународен балкански турнир во стрелаштво

Ана Ололовска

Унгарија: Светска и олимписка шампионка во стрелаштво почина од Ковид-19

Жарко Настоски

Во Велес се одржа Првиот куп за стрелаштво за пионери до 15 години

Ана Ололовска

ВИДЕО: Стрелците Џингов и Бранковски и покрај постигнатите норми, МОК не ги пушта на Олимпијада

Ана Ололовска

Кавадарчани најуспешни на Државното првенство во стрелање

Ана Ололовска

Меѓународен отворен турнир во стрелаштво

Ана Ололовска