Грабуловски и Јотовски стартуваат против Малта

Од:

Македонската тениска репрезентација денеска во 11 часот во Сегедин ќе ги почне натпреварите од Третата Европска зона во Дејвис купот. Прв противник во групата ќе и биде селекцијата на Малта, а улогата на фаворит ја има Македонија бидејќи е носител на групата Б.

Во првото коло слободна е селекцијата на Албанија.

Селекторот Дејан Маринковиќ се реши двајцата наши најдобри играчи да ги одиграат мечевите во поединечна конкуренција.

Според правилата најпрвин игра „вториот играч“ во случајот Томислав Јотовски, а потоа „првиот играч“ Димитар Грабул. На крајот е мечот во двојки, а во зависност од резултатот селекторот може да врши и промени.

Почетокот на мечот е во 11 часот.

Во исто време се играат и дуелите од другите групи: Унгарија – Ерменија (А група), Грузија – Црна Гора (Ц група) и Естонија – Турција (Д група).

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ