Грабул за финале, Ѓорческа за полуфинале

Од:

Македонските тенисери денеска ќе играат мечеви за пласман во самата завршница на два фјулерс турнири.

Димитар Грабул на фјучрсот во Еупен, Белгија во полуфиналето ќе игра против домашниот тенисер и осми носител Жилиен Кањина. Ова ќе биде нова можност за Грабул да му се реваншира на противникот за двата претходни порази.

Инаку, вчера Грабул го победи 6.носител Русинот Алексеј Ватутин со 2:1 во сетови.

Лина Ѓорческа во четвртфиналето во Арад, Романија за противничка ја има домашната тенисерка Николета Даскалу, која со вајлд карта настапува на турнирот.

Ѓорческа заедно со Романката Стефана Андреи вчера во двојки загубија во полуфиналето од првите носителки Ирина Марија Бара и Диана Бузеану.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ