Нова турнирска победа оствари македонскиот тенисер Димитар Грабул во Белгија. Тој попладнево во финалето во Еупен го победи Французинот Констан Лестиен со 2:1 во сетови (0:6; 6:1 и 6:3).
Иако, лошо го почна мечот и првиот гем го освои дури во вториот сет, Грабул успеа да направи пресврт и да ги добие следните два сета на убедлив начин.
За македонскиот тенисер ова е втора турнирска победа откако пред еден месец беше најуспешен и на турнирот во Де Хан.
За победата Грабул ќе освои 18 поени и се очекува негов напредок на АТП листата.