Грабул напредува на АТП листата

Од:

Успешните настапи на фјучрс турнирите во Белгија го искачија македонскиот тенисер Димитар Грабул на 696.место на АТП листата. Ова за Грабул е најдобар ранг во кариерата.

Од другите македонски тенисери: Томислав Јотовски е на 1.106 место, додека Шендрит Деари е на 1.267 место, а Стефан Мицов е рангиран на 1.927 место.

Во конкуренција на двојки Јотовски е на 876.место, Грабул е 905-ти, а Деари на 1.124 позиција.

На најновата АТП листа објавена денеска на првите десет места се:

1. Новак Ѓоковиќ (Србија)
2. Енди Мареј (Велика Британија)
3. Давид Ферер (Шпанија)
4. Рафаел Надал (Шпанија)
5. Рожер Федерер (Швајцарија)
6. Томас Бердих (Чешка)
7. Хуан Мартин Дел Потро (Аргентина)
8. Жо Вилфред Цонга (Франција)
9. Ришар Гаске (Франција)
10. Станислав Варвинка (Швајцарија).

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ