Грабул го постигна најголемиот успех во неговата кариера

Од:

Македонскиот тенисер Димитар Грабул е победник на фјучерс турнирот во белгиски Де Хан, што за него претставува прва турнирска победа на фјучрс турнир и негов најголем успех во досегашната кариера.

Грабул во денешното финале го победи домашниот тенисер и четврти Јорис Де Лор со 2:1 во сетови.

На патот до пехарот Грабул победи вкупно четири носители, а одигра седум мечеви заедно со квалификациите. На претходните два турнира во Белгија Грабул играше во четвртфиналето и полуфиналето.

Првиот сет во денешното финале му припадна на нашиот тенисер, кој во два наврати направи брејк, но Белгиецот возвраќаше со ри-брејк се до 5-5, кога Грабул поведе со 6-5 со брејк и потоа го доби сетот со 7-5 искористувајќи ги сите три берјк топки.

Во вториот сет Де Лор беше сигурен и со 6-2 го доби сетот искористувајќи ги двете брејк топки.

На почетокот на третиот решавачки сет Грабул со два брејка поведе со 4-0, а потоа имаше и четири брејк топки за 5-0, но Де Лор намали на 4-1 и стигна до 4-3. Грабул поведе со 5-3 што беше доволно да го добие сетот со 6:4.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ