Македонскиот тенисер Димитар Грабул е елиминиран во четвртфиналето на фјучрс турнирот во Жупил сур Мус во близина на Лиеж, Белгија. Поуспешен од него беше третиот носител на турнирот белгискот тенисер Јорис Де Лор со 2:1 во сетови.
Првиот сет му припадна на Де Лор со 6:1 во гемови, откако го искористи слабиот старт на Грабул и поведе со 5:0. Во вториот сет Грабул возварти со 6:3, а во решавачкиот сет беше 6:4.
Со овој триумф Де Лор му се реваншираше на Грабул за поразот во финалето на турнирот во Де Хан.