Гостивар ќе продолжи со настапите во Супер-лигата

Од:

На состанок на Управниот одбор на Кошаркарскиот клуб Гостивар, кој вонредно заседаваше после случувањата и елиминацијата од куп натпреварувањето, беше одлучено тимот да продолжи да настапува во Супер-лигата.

Соопштението на КК Гостивар го пренесуваме во целост:

На состанок на Управниот одбор на Кошаркарскиот клуб Гостивар, кој вонредно заседаваше после случувањата и елиминацијата на КК Гостивар од куп натпреварувањето, на кој единствена точка на дневен ред беше понатамошното учество во Супер лигата се донесе следниот заклучок:

Земајќи ги во предвид до сега вложениот труд, напори, финанси, љубовта на градот кон спортот, обврските кон верната публика која е нашата сила, КК Гостивар ќе продолжи да се бори против сите неприродни сили кои се појавуваат во кошарката и спортот. Гостивар ќе има кошарка!

Иако, наспроти наведеното од другата страна имаме Федерација каква што имаме, иако на националниот куп судиите се делегираат во Мрзенци, иако арбитражата на тие судии ја виде целата јавност само не тие што треба, иако делегатот по своја или туѓа волја немаше никава забелешка за играњето фудбал, во нити еден момент во таа тензична атмосфера каде се промовира фер плеј не се прегледа нити една спорна ситуација на која им се сугерираше, иако денеска во Струмица беа нападнати М14 младинците на КК Гостивар, од страна на делегираниот делегат на МКФ, иако во нормалниот свет после вакви скандали има оставки и суспензии.

Сето ова во интерес на кошарката ќе биде предочено на ФИБА.

Благодарност до сите, кои не поддржаа после натпреварот во Гевгелија, се вели во соопштението на КК Гостивар.

Оваа реакција на гостиварци доаѓа по големите замерки кон судиите што ја делеа правдата на саботниот меч со Блокотехна во полуфиналето на националниот куп.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос