Гонзало: Поинаков сум од Штербик, играат „џинови“ за финале

Од:

По бронзата на последното европско првенство во Данска, шпанската репрезентација утврди дека без Штербик нивните голмани не се така одлучувачки како пред две години, кога Штербик беше главниот фактор за втората светска титула на шпанскиот национален тим. Гонзалл Де ла Варгас Перез и во клубот и во репрезентацијата покажува дека со поинаков стил на бранење може да се замени легендарниот голман на Вардар:

„Не сум замена за Арпад. Ние сме голмани со поинакви предиспозиции. Тој е меѓу најдобрите, ако не и најдобриот голман на светот и мислам дека од него може само да се научи. Што се однесува до нашиот турнир, на мечеви како со Данска се расте како ракометар и како тим, па така беше и со нас во текот на вчерашниот ден. Два ракометни „џина“ ќе играат во полуфиналето, а нивните одбрани се неверојатно цврсти. Пак тоа ќе одлучи, можеби еден гол, еден момент. Ќе биде многу неисвесно“, вели бившиот голман на Тулуз и Грањолерс, а сега соиграч на Лазаров во Барселона.

Стручњаците сметаат дека ако Гонзало (или можеби Сиера) биде на нивото и по бројот на одбрани како и Омејер, Шпанија има шанси, исти како и Франција да влезе во финалето. Нешто слично беше и вчера, кога Гонзало имаше одбрани скоро колку Ландин, а тоа на крајот се покажа дека е пресудно за победа против европскиот вицешампион. Впечатливо беше дека Гонзало одбрани многу тешки топки, зицери и седмерци и одскокна главно во оние одбрани кои нормалните голмани не ги бранат.

Извор: Кирил Лазаров 7

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ